ГОДИШЕН ЗБОРНИК НА МЕДИЦИНСКИОТ ФАКУЛТЕТ” ВО СКОПЈЕ

„ГОДИШЕН ЗБОРНИК НА МЕДИЦИНСКИОТ ФАКУЛТЕТ” ВО СКОПЈЕ -. научно издание на Мед. ф. во Скопје. Првиот број е публикуван во 1954 г., а главен и одговорен уредник бил проф. Вељко Бујан. Трудовите, едукативни и научно-стручни, биле печатени на македонски, француски, англиски и германски јазик и на јазиците на поранешна СФРЈ. Подоцна се печати на македонски јазик (со извадок на англиски), еднаш годишно, со индекс на автори и упатство до авторите. Во еден период списанието се цитира во Индеџ Медицус и во Интернационалниот број за сериски публикации Ѕу ИССН 0065-1214. Во 1997 г. списанието е преименувано во „Македонско списание за медицина / Мацедониан Јоурнал оф Медицине”, се печати двојазично (македонски и англиски). ЛИТ.: 60 години Македонско лекарско друштво, Скопје, 2006. Д. С.-Б.