ГЛУВОНЕМО ОРО

ГЛУВОНЕМО ОРО -. македонско женско народно оро, зачувано во регионот на Мала Река. Се игра во полукруг, со држење на рацете за појас. Уникатно е по отсуството на каква било музичка придружба, а ритмизирањето во метар од 4/4 произлегува по чекорењето од тропањето на украсните пари што се наоѓаат на градите од женската носија. Ѓ. М. Ѓ.