ГЛАДИЈАТОРСКИ БОРБИ ВО АНТИЧКИТЕ ТЕАТРИ ВО МАКЕДОНИЈА

ГЛАДИЈАТОРСКИ БОРБИ ВО АНТИЧКИТЕ ТЕАТРИ ВО МАКЕДОНИЈА. Остатоци од античките театри се откриени во Стоби, југоисточно од Велес, Битола – Херацлеа Лѕнцестис, Охрид – Лѕцхнидос, сите од грчки тип, приспособени и за гладијаторски и за борби со диви ѕверови (венатионес), и од римски тип во Скопје – Сцупи. Овие борби се одржувани во теа-тарот во Стоби (Ⅱ – Ⅵ в.), што е утврдено врз основа на релјефот на гладијатор на капителот од еден столб, постоење на Немезејон во зградата на скената, оградата пред првите седишта (балустрада), спуштеното ниво на борилиштето (цонистра), песокта и каналот од него до Црна Река. Се знае дека во времето на Хадријан (117–138 ) театрите во провинциите биле оспособени и за амфитеатрални претстави. Во Македонија гладијаторските борби земале замав од Ⅰ в. и се одржувале, со извесни прекини, сè доⅤв., а борбите со дивите животни до крајот на истиот век. ЛИТ.: Душан Станимировиќ, Сведоштва за гладијаторски борби во античкиот театар во Стоби, Прилози за историјата на физичката култура на Македонија, Скопје, 1976, 107–114. Д. С.