ГИЕВА, Анка

ГИЕВА, Анка (Скопје, 1938) – интерпретаторка на македонски народни песни. Била професионално вработена во Македонскиот народен театар, а потоа во Државниот ансамбл за народни песни и игри „Танец” во Скопје. Снимила голем број антологиски песни за потребите на Радио Скопје, меѓу кои и „Ајде слушај, слушај, калеш бре Анѓо”, „Пилето ми пее рано на сабајле”, „Елено, ќерко, Елено”, „Крај Вардара седеше” и др. С. Мл. Ежен Гилвик