ГЕРМАНСКО-ИТАЛИЈАНСКА СПОГОДБА

ГЕРМАНСКО-ИТАЛИЈАНСКА СПОГОДБА (1941) – спогодба за поделба на Југославија и на Македонија. По капитулацијата на Југославија, Хитлер и Мусолини во Виена (24. Ⅳ 1941) го договориле новиот поредок на Балканот: Независна Држава Хрватска (без Далмација, што ја добила Италија) со можност за поврзување со Италија во персонална унија; поделба на Словенија; Независна Држава Црна Гора во персонална унија со Италија; Србија, сведена во најмали граници да се држи под окупација; територијално проширување на Албанија за сметка на Грција, на Македонија и на Србија. На Албанија $ се доделувала целата северозападна територија на Македонија со градовите: Струга, Гостивар и Тетово. Другиот, поголем дел $ се давал на Бугарија. За Солун и за судбината на Грција договориле да решаваат по завршувањето на војната. ЛИТ.: Документи о сполјној политици СФРЈ, И, 1941–1945, Београд, 1988 . М. Мин.