ГЕОРГИЕВСКИ-ЧИЧО, Перо Миланов

ГЕОРГИЕВСКИ-ЧИЧО, Перо Миланов (Куманово, 1918 – кај с. Белаковце, Кумановско, 14. Ⅹ 1944) – шивачки работник, комунистички деец и народен херој. Завршил занаетчиско училиште Перо ГеоргиевскиЧичо (1932). Како член на СКОЈ (од крајот на 1933) и на КПЈ (1934), бил член на МК на КПЈ во Куманово (1934-1936), член на ПК на СКОЈ за Македонија (1935) и секретар на Работничкото КУД „Абрашевиќ” во Куманово (од 1935). Бил раководител на Одборот за собирање помош (1936) за учество во шпанската граѓанска војна, а поради апсење (1937) не успеал и самиот да замине. Како секретар на МК на КПЈ во Куманово (до 12. Ⅹ 1941) и член на ПК на КПЈ за Македонија, ги предводел Мартовските демонстрации во Куманово (27. Ⅲ 1941). Како политички комесар на кумановскиот Карадачки НОПО (12-14. Ⅹ 1941), загинал во борба со бугарската војска и полиција. Прогласен е за народен херој на Југославија (11. Ⅹ 1951). ЛИТ.: Видое Подгорец, Георгиев, Милан Перо-Чичо (1918-1941), Народни херои од Македонија, НИК „Наша книга”, Скопје, 1973, 96-101; Спомен зборник на загинатите борци од НОВ и жртви на фашистичкиот терор од Куманово и Кумановско 1941-1945, Куманово, 1976, 17. С. Мл.