ГЕОРГИЕВ, Митко

ГЕОРГИЕВ, Митко (Штип, 1927 – 1992) – завршил биолошки науки во Скопје (1954). По завршувањето, една година работел во Кочани како професор во гимназијата, потоа како кустос во Природонаучниот музеј на Македонија, а во 1957 г. се вработил како асистент во Ботаничкиот завод. Под раководство на Миховил Грачанин се занимавал со дишењето на надземните и на подземните органи на растенијата, а во 1965 г. докторирал со дисертацијата „Односот меѓу дишењето и примањето јони”. Во 1966 г. е избран за доцент по предметот физиологија на растенијата, во 1972 г. за вонреден, а во 1987 г. за редовен професор. Објавил 56 научни труда од областа на физиологијата на растенијата. Специјализирал во Германија и бил член на Деутсцхе Ботанисцхе Гезеллсхафт и Америцан Социетѕ оф Плант Пхѕсиологѕ. Љ. Гр.