ГЕОРГИЕВ, Владимир (Софија, 1975) – шаховски велемајстор (2000) од македонско потекло, со бугарско и македонско државјанство. Бил младински вицешампион на Европа и на Русија и шам-пион на Бугарија. Подоцна бил член на шК „БМ Кисела Вода“ од Скопје (2004). Прв настап за Република Македонија имал на шаховската олимпијада во Блед (2002). На шаховската олимпијада во Калвија (шпанија, 2004) освоил сребрен медал. С. Мл. ГЕОРГИЕВ, Владимир Борисов