ГЕНЕРАЛЕН СОВЕТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ДРУШТВА ВО ШВАЈЦАРИЈА

ГЕНЕРАЛЕН СОВЕТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ДРУШТВА ВО ШВАЈЦАРИЈА (15. Ⅻ 1918 – 1919). На владите на САД, Велика Британија, Франција и на Италија (11. Ⅰ 1919) им бил предаден Меморандум за македонското прашање. Еден примерок од Меморандумот бил испратен до Меѓународната конференција на Друштвото на народите во Берн (5-12. Ⅲ 1919). Генералниот совет апелирал до владите на силите од Антантата на Мировната конференција и на македонскиот народ да му биде признаено правото за самоопределување, самиот да решава за својата судбина, право за кое дал огромни човечки и материјални жртви во деценските борби. Апелирал да ја признаат посебноста на Македонија и да се застапат за создавање самостојна македонска држава, како единствено праведно и трајно решение за македонското прашање. Предупредил на последиците од секое друго решение, не само за македонскиот народ туку и за ми-рот на Балканот. Барањето за создавање самостојна држава Македонија Советот го поставил на сите поважни меѓународни конференции во Европа. ЛИТ.: Љубен Лапе, Активноста на Главниот одбор на македонските друштва во швајцарија, „Гласник“ на ИНИ, 1, Скопје, 1965; М. Миноски, Федеративната идеја во македонската политичка мисла, Скопје, 1985. М. Мин. Генералното собрание на ООН во Њујорк