ГАТ ВО ИЗРАЕЛ

ГАТ ВО ИЗРАЕЛ (Северно Негево од 1935) – кибуц. Центар на еврејски младинци од Македонија, припадници на организацијата „Хашомер Хацаир“, повеќето раководители (мадрихим) на кеновите од Битола и од Скопје. Тука биле воспитувани во духот за синтеза помеѓу ционизмот и социјализмот. По пристигнувањето во кибуцот поголемиот дел од нив настојувале да не се вратат во родните градови. Ј. Нам.