ГАРЕВСКИ, Ристо

ГАРЕВСКИ, Ристо (с. Башино Село, Велешко, 22. Ⅲ 1922) – редовен професор на Рударско-геолошкиот факултет – Штип. Светски реномиран палеонтолог, истражувач на фосилните цицачи од неогенска и квартерна старост. Дипломирал на Филозофскиот факултет – Скопје, Отсек биологија (1952), а докторирал на палеонтологија на Љубљанскиот универзитет, Словенија (1966). Во неогенските и квартерните седименти на Велешкиот, Тиквешкиот, Скопскиот и други басени, пронашол и одредил голем број фосилни видови од сурлаши, газели, коњи, жирафи, носорози, говеда, тигри, хиени, пештерски мечки и пантери, примати и изумрени видови копитари и преживари. БИБ: Стратиграфско и палеонтолошко значење на плеистоценската фауна од пештерата Макаровец во клисурата на реката Бабуна во околината на Титов Велес, посеб. изд. на ПММ, 6, 1969; Њеитерер Беитраг зур Кеннтнис дер Пикермифауна-Мазедониенс, Дер Мастодонсцхадел вон дер Умгебунг дес Дорфес Долни Дисан (Неготино), посеб. изд. на ПММ, 7, 1976; Хиппарионс (маммалиа Периссодацтѕла) фром Мацедониа, Ѕугославиа: Штип, „Геол. Мацедоница”, в. 3, но. 2, Штип, 1989, п. 159-206. Н. Дум.