ГАВРОВСКИ-КАРА, Димо

ГАВРОВСКИ-КАРА, Димо (Тетово, 1921 – Гостиварско, 1944) – првоборец. Бил член на КПЈ и на МК на КПЈ во Тетово (1941), член на Окружниот (1942) и на Обласниот комитет на КПЈ за територијата на Македонија под италијанска окупација (1943), одговорен за Кичевскиот регион. Загинал во борба со балистите. ЛИТ.: Тетово и Тетовско во НОБ, 1941–1944, Тетово, 1991. Вл. Ив.