ГАВРИЛСКИ, Ѓорѓи Нацев (Св. Николе, 11. Ⅳ 1911 – Скопје, 17. Ⅻ 1987) – лекар-епидемиолог, примариус, општественик. По завршувањето на Мед. ф. во Бел-град (1937) работел како општ леЃорѓи Гаврилски кар во Македонија до 1943 г.; прогонуван и често затворан. Бил член на АСНОМ. По Ослободувањето извршувал повеќе општествени функции: пом. министер за народно здравје во Владата на Република Македонија (1946), член на Матичната комисија за формирање на Мед. ф. во Скопје (1947). Избран е за редовен проф. по епидемиологија и продекан (1949) на Мед. ф. Заслужен е за ерадикацијата на маларијата во Македонија. Претседател на МЛД (1948-1950). ЛИТ.: „ММП”, 1-2, Скопје, 1980. Д. С.-Б.