ГАБРЕШ , ИСЕЛЕНИЧКО ДОБРОТВОРНО ДРУШТВО

„ГАБРЕШ“, ИСЕЛЕНИЧКО ДОБРОТВОРНО ДРУШТВО (Торонто, Канада, 1. Ⅲ 1911) – друштвото е активно, регистрирано кај надлежните државни власти. Ги собира доселениците по потекло од селото Габреш (Костурско), Егејскиот дел на Македонија. Има свое земјиште каде што организира пикници и други активности, верски, национални и селски слави. Сл. Н.-К.