ВРОЦЛАВСКИ, Кшиштоф

ВРОЦЛАВСКИ, Кшиштоф (Радом, Полска, 28. IX 1937) – професор по македонска литература и македонски јазик на Варшавскиот универзитет, специјалист за јужнословенскиот фолклор. Дипломирал славистика на Варшавскиот универзитет. Две години работел во Инстиутутот за полски јазик, каде што го изучувал српско-хрватскиот јазик, а потоа дошол за лектор по полски јазик на Филозофскиот факултет во Скопје (11. Ⅹ 1967, како втор лектор по полски јазик, по проф. В. Пјанка). Веднаш го започнал проучувањето и собирањето на македонското народно творештво, посебно во с. Пештани (Охридско), Охрид и с. Крстец (Прилепско). По враќањето во Полска работел како лектор по полски јазик за странци (до 1978), магистрирал и докторирал на материјалот од собраните македонски народни приказни. Бил директор на Институтот за словенска филологија во Варшава (1878) и ги презел предавањата по македонска литература и македонски јазик од проф. В. Пјанка. Кшиштоф Вроцлавски БИБ. Фолклористички белешки кон драмата „Парите се отепувачка“, И и Ⅱ, „Македонски фолклор“, Ⅶ, 14 и IX, 18, Скопје, 1974 и 1976, 87-92 и 25-35; Македонскиот народен раскажувач Димо Стенкоски, И Фолклористичка монографија, Ⅱ Текстови, Скопје, 1979 и 1984; Споредбена монографија на македонското село Јабланица и полското село Пјентки Грензки, том 3 Митски преданија, Скопје, 1992 (со коавтор). ЛИТ.: Здравко Стаматовски, Еден полн, чист извор. Разговори на Семинарот за македонски јазик, литертура и култура: Кшиштоф Вроцлавски, „Нова Македонија“, 2. IX 1992, 10. С. Мл. Обична вртимушка