ВРЕДНОСТА НА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ПРОИЗВОДСТВО. Според Државниот завод за статистика, во 2003 г. вкупната вредност на земјоделското производство во Република Македонија учествувала во БДП со 12%, а заедно со преработувачката индустрија 18%. Изразената вредност на производството на земјоделската гранка изнесувала 57.000.000.000 денари или 925.000.000 евра. Вкупната меѓуфазна потрошувачка (семенски материјал, енергија, ѓубрива, средства за заштита, добиточна храна и др.) има вредност од 31.000.000.000 денари или 500 милиони евра, а додадената нето-вредност на земјоделската гранка изнесува 23.600.000.000 денари или 380 милиони евра. Во структурата на вредноста на земјоделските производи житата учествуваат со 5.500.000.000 денари или 90.000.000 евра, градинарските производи со 15.300.000.000 денари или 250.000.000 евра, овошјето со 7.600.000.000 денари или 124 милиони евра, сточарското производство со 12.600.000.000 денари или 205.000.000 евра. Др. Ѓош. Дневниот весник „Време“