ВОШКИ, РАСТИТЕЛНИ

ВОШКИ, РАСТИТЕЛНИ (Апхидина) – ситни, слабо подвижни инсекти. Мажјаците имаат долги крилја, а женките се бескрилни. Живеат по кората, листовите и корењата на растенијата, цицајќи растителни сокови. Означени се како големи штетници кои предизвикуваат слабеење и сушење на растенијата. Овие инсекти се паразити; се размножуваат партеногенетски и главно, вивипарно, што создава голема бројност на популациите. Во зависност од растителниот домаќин на кој паразитираат, го носат и името. Од оваа група инсекти познати се лисните вошки (Апхидидае) и штитестите вошки (Цоццидае). ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991. В. Т. К. – М. Кр.