ВОШКИ, ВИСТИНСКИ (Аноплура) – ситни бескрилни инсекти со сплескано тело. Паразитираат на телото на човекот и на цицачите. Имаат устен апарат прис-Главена вошка пособен за боцкање. Нозете завршуваат со кукести канџи за прицврстување. Женките полагаат крупни јајца на влакната на домаќинот. Редот опфаќа околу 400 видови од кои три вида паразитираат на човек. Во Македонија се познати неколку видови. Главена вошка (Педицулус цапитис Дг.), паразитира во косата на чо-Бела вошка векот; полага околу 300 јајца кои се наречени гниди, од кои за 18 дена стануваат полово зрели единки. Се храни со човечка крв. Бела вошка (Педицулус хуманус Л.), паразитира на сите влакнести делови на човековото тело освен на главата. Местото на убодот натечува и боли, пренесува заразни болести меѓу кои и пегав тифус. Срамна вошка (Пхтхирус пубис Л.), паразитира на сите влакнести делови на човековото тело освен на главата. ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991. В. Т. К. – М. Кр.