ВОЕНА БОЛНИЦА И ВОЕН САНИТЕТ. Воената болница во Скопје започнува да работи во старата турска ВБ (од 1912 до 1914 работи АБ на српската војска; од 1914 до 1918 бугарска ВБ; од 1918 до 1941 е АБ на Кралство СХС; од 1941 до 1944 бугарска ВБ), а по преместувањето на Гш на НОВ и ПОМ од с. Горно Врановци, Велешко, по ослободувањето на Скопје, се префрла во Скопје како ВБС. Од формирањето до јули 1945 г. управник е д-р К. Георгиев, потоа од август 1945 г. д-р Никола ќосиќ, хирург од Битола. До 26. Ⅶ 1963 г. ВБ се обновува, персонално се екипира и се доградува. Во земјотресот е значително оштетена, поради што дел од неа привремено е преместен во ВБ во Ниш, а останатиот дел работи во полски услови. Со оглед на влошените услови, со заложба на полк. д-р М. Димитриевиќ и д-р Б. Петковски и со финансиско учество на ИС СРМ на 11. Ⅹ 1971 г. ВБ почна да функционира во нов објект (тогаш архитектонски, функционално и технички прогласен за најсовремен во Ј. Европа), со капацитет од 450 постели, комплет болнички одделенија, поликлиника и 3 ха парк со хелиодром. Од 10. Ⅳ 1992 до 2. Ⅵ 1992 г. работи под име ВБ АРМ, а потоа до 26. Ⅹ 2001 г. како ЦВЗУ, од кога повторно е ВБ АРМ. На 12. Ⅰ 2000 г. е отворено Кардиохируршко одд. Од 1953 до 1971 г. управник е д-р Б. Петковски, интернист, од 1971 до 1984 г. д-р Д. Карановски, интернист, до 1990 г. д-р К. Секуловски, хирург, до 1994 г. д-р Б. Соколовски, микробиолог, до 2001 г. д-р Б. Димишковски, хирург-уролог, до 2002 г. д-р А. Ванковски, дерматовенеролог, а по него д-р Петре Утковски, спец. по општа медицина. ВБ е и наставна база на скопскиот Мед. ф. од која произлегоа голем број врвни специјалисти, примариуси и доктори на науки. Во состав на ВБ од 1944 до 1945 како самостојна единица работи ХЕЧ, од 1945 до 1973 г. како ХЕО, кога прераснува во ЗПМЗ, од 1992 до – 2000 г. под името ЗПМ, а потоа како ИПМ, која работи на спроведувањето на превентивно-медицински мерки во воени и мирновременски услови, како и на обука и усовршување на кадри за воениот санитет. Уште во времето на НОБ е формиран воен санитет почнувајќи од тајни болници, кои со формирање на дивизиите и корпусите прераснуваа во болници. Во завршните операции (1944) постоеја 22 болници во корпусните реони и Болницата на Гш на НОВ и ПОМ во Г. Врановци и Јаболчиште. По 1912 г. од турските ВБ покрај скопската, ја продолжуваат работата како дивизиски – битолската и Штипската до 1950/51 г., а во сите гарнизони постојат гарнизонски амбуланти, во 1992 г. преименувани во Воени амбуланти. ЛИТ.: Г. Камчевски, Санитетска служба НОВ Македоније, Београд, 1971. Сл. М. П.