ВОДНА МАКРОФИТСКА ВЕГЕТАЦИЈА ВО Република Македонија

ВОДНА МАКРОФИТСКА ВЕГЕТАЦИЈА ВО Република Македонија – заедници на водни растенија, кои ги населуваат водните екосистеми (копнените води, морињата и океаните). Диверзитетот на зедниците од овој вегетациски тип е помал во однос на копнената вегетација бидејќи севкупните еколошки услови во водната средина се постабилни и поизедначени во однос на копното. Водната макрофитска вегетација на територијата на Република Македонија синтаксономски припаѓа кон класата Потаметеа и Лемнетеа и се развива во трите наши природни езера (Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро), како и во крајбрежните делови на некои од нашите поголеми реки (Вардар, Црна Река, Брегалница и други). Во минатото нејзините заедници се развивале и во некои поголеми блата и мочуришта (Катлановско, Моноспитовско, Пелагониско, Струшко, Студенчиште и други). Диференцирана е на флотантна (по површината на водните екосистеми) и субмерзна (потопена во водата). Од флотантната вегетација се најзначајни асс. Лемнето-Спироделетум полѕррхизае субасс. салвиниетосум (Охридско Езеро, Дојранско Езеро), субасс. алдровандетосум (Преспанско Езеро), асс. Хѕдроцхаридето-Нѕмпхоидетум пелтатае (Охридско Езеро, Преспанско Езеро, Дојранско Езеро) и асс. Мѕриопхѕлето-Нупхаретум (Охридско, Преспанско и Дојранско Езеро). Во нивниот состав влегуваат флотантни (пливачки) растенија (Потамогетон натанс, Нупхар лутеа, Нѕмпхаеа алба, Трапа натанс, Салвиниа натанс, Хѕдроцхарис морсус ранае и други), чии листови пливаат по површината на водата. Од субмерзната вегетација се познати неколку заедници-асс. Потамето-Најадетум, асс. Потамето-Валлиснериетум и асс. Цератопхѕло-Потаметум цриспи, кои се развиваат по рабните делови на езерата, во крајбрежните поплитки делови, до неколку метри длабочина. Во нивниот состав влегуваат субмерзни растенија, кои се целосно или делумно потопени во водата, од кои позначајни се следните: Цератопхѕлум демерсум, Мѕриопхѕлум спицатум, Мѕриопхѕлум вертициллатум, Најас минор, Најас марина, Потамогетон флуитанс, Потамогетон луценс, Потамогетон перфолиатус, Ранунцулус флуитанс, Валлиснериа спиралис, Занницхеллиа палустрис и др. Вл. М.