ВЛАХОВИЌ, Петар (Слатина, Приеполе, ЦГ, 28. Ⅵ 1927) – етнолог, антрополог, унив. професор, истражувач на македонската етнологија и фолклор, академик. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Белград (1952), а потоа како асистент (1955) докторирал на темата „Бродарево и његова околина” (1958) и бил избран за доцент (1959). Беше еден од основачите на Антрополошкото друштво на Југославија, професор на Етнолошката катедра на Филозофскиот факултет во Бел-град и на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Во своите трудови обработува и разни теми и проблеми од минатото на Македонија. БИБ.: Гусларске народне песме о неким догаÚајима из НОБ, Београд, 1953; Рукописна збирка Д. ТомашевиÊа Зурка, Титоград, 1960; Бродарево и његова околиона, Титоград, 1968; Народи и етничке заједнице света, Београд, 1984. С. Мл.