ВИДОВДЕН

ВИДОВДЕН – христијански православен празник посветен на св. Вит (28/15 јуни). Познат е и како св. Вид и се почитува како исцелител на видот и очните болести. Народните лекари на овој ден береле лековити треви и со нив лекувале. Во времето на СХС/ Кралството Југославија (1919–1941) бил државен празник и на учениците им се давале училишните сведителства. М. Кит.