ВЕШТАЧКО ОСЕМЕНУВАЊЕ НА ЖИВОТНИ ВО Република Македонија – првпат е воведено кај говедата во 1953 г., како метод за борба против јаловоста и подобрувањето на расниот состав и продуктивноста кај говедата. Во 1953 г. се осеменети првите 197 крави. Вештачкото осеменување на овци како метод за подобрување на овчарското производство во Македонија е воведено во 1947 г., кога се осеменети првите 200 овци. Вештачкото осеменување на свињи е воведено во 1968 г. во свињарската фарма Речица на ЗИК „Куманово” – Куманово. Вештачкото осеменување на кобили започнува во 1978 г. М. Д. – Ј. Б.