ВЕСЛАРИ

ВЕСЛАРИ (Дѕтисцидае) – тврдокрилни инсекти. Телото им е хидродинамично сплескано и широко, приспособено за живот во водна средина. Задните нозе се издолжени, раширени и со густи влакнести израстоци, функционираат како весла по што го добиле името. Се хранат со водни инсекти, полноглавци, тритони и ситни риби. Женката полага јајца на водни растенија. Ларвите се долги и тенки, грабливи, снабдени со јаки српести вилици; се хранат со полноглавци и со ситни рипчиња. Во светот има околу 4.000 видови. Во Македонија се регистрирани 48 видови. Чест вид во помалите бари и неистечните води е орабениот веслар (Дѕтисцус маргиналис Л.). ЛИТ.: В. Б. Гуеоргуиев, Ун ноувеау Потамонецтен де Југославие (Цолеоптера, Дѕтисцидае), Фраг. Балц. Мус. Мац. Сци. Нат., Скопје, 1959, Ⅱ, 24(58): 193-196; В. Б. Гуеоргуиев, Цаталогус Фаунае Југославиае. Цолеоптера (Хѕдроцантхарес ет Палпицорниа), Ацад. Сци. Арт. Слов., Лјублјана, 1971, Ⅲ, 6: 1-46; Владимир Крпац анд Бранислава Михајлова, Биодиверситѕ оф Мацедониа фром а виењ поинт оф хитхерто фаунистиц инвестигатионс. Партиципатион њитх Ундерпројецт: Класс Инсецта, Мацедониан Мусеум оф Натурал Хисторѕ – Министрѕ оф Сциенце, Финал Репорт, Скопје, 1999, 23–30. В. Т. К. – М. Кр.