ВЕРСАЈСКА МИРОВНА КОНФЕРЕНЦИЈА

ВЕРСАЈСКА МИРОВНА КОНФЕРЕНЦИЈА (Версај, 18. Ⅰ – 28. Ⅵ 1919) – мировна конференција по Првата светска војна. На македонскиот народ не му било признато правото на самоопределување и на државност. Прашањето за Македонија во Државата на Србите, Хрватите и Словенците било разгледувано во Комитетот за новите држави и за заштитата на малцинства при утврдувањето на мировниот договор со Кралстото на Србите, Хрватите и Словенците. Расправа се водела по предлогот на италијанската делегација за давање автономија на Македонија (Анекс А). Против биле Велика Британија и Франција кои не го прифатиле и модифицираниот Версајската мировна конференција (1919) предлог за локална автономија во однос на јазикот, на образованието и на религијата, а ниту предлогот за самоуправа. Тоа прашање било затворено со потпишувањето на Сенжерменскиот мировниот договор (10. IX 1919). Истиот ден Комитетот за новите држави го известил Високиот совет дека го прифатил барањето на Грција во договорот за мир со Бугарија да се внесе клаузула и за реципрочна размена на малцинствата меѓу Грција и Бугарија. Високиот совет на Друштвото на народите (19. XI), по добивањето на согласноста од Бугарија, го одобрил Нацрт-договорот меѓу Грција и Бугарија за реципрочно емигрирање на малцинствата, под бугарско малцинство бил сметан македонскиот народ, по што прашањето на Пиринскиот дел од Македонија станало беспредметно. Во Неј (27. XI 1919) биле потпишани Мировниот договор со Бугарија, а потоа и Конвенцијата за размена на малцинствата (28. XI). Поделбата на Македонија била санкционирана, со право на Грција да спроведе етничко чистење на анектираниот Егејски дел од Македонија. ЛИТ.: Македонија во меѓународните договори (1913-1940), Скопје, 2006; Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, Скопје, 1981. М. Мин.