ВЕРИЖНИКОВА, Елена Владимировна (Орел, Русија, 4. IX 1963) – руски лингвист-македонист. Дипломирала на Групата за македонски јазик и литература на Филолошкиот факултет на Московскиот државен универзитет (1985), каде што и сега е доцент на Катедрата за словенска филологија. Работела како научен соработник и професор по македонски и руски јазик во разни институции на својот универзитет (1986&1989, 1993&2000 и од 2005), била лектор по руски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје (1997&2000), предавала на Дипломатската академија во Москва (2001&2002) и била аташе за култура во Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија (2002&2006). Ја одбранила во Москва кандидатската дисертација „КатегориалÏнÎй статус и функционирование глаголÏнÎх форм с компонентом ќе в современном македонском литературном язÎке” (1997). Коавтор е на тритомниот Македонско-русский словарÏ, под редакција на Р. Усикова (Скопје, 1997) и коавтор и коредактор на Македонско-русский словарÏ. Македонско-руски речник (Москва, 2003). Учествувала повеќепати на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура во Охрид и на научни собири во Република Македонија и објавува преводи од македонската литература на руски јазик. Има објавено повеќе научноистражувачки трудови од областа на македонистиката. БИБ.: К вопросу о сопоставителÏном изучении функционирования форм будуÈих времен в балканскославянских язÎках, зб.: Синхронно-сопоставителÏное изучение грамматического строя славянских язÎков, Москва, 1989.6-8; Кон модално-негативните значења на глаголските форми со ќе во македонскиот јазик, зб.: Научна дискусија на СМЈЛК, 16, Скопје, 1990, 19-26; Кон изразување на повторливоста на дејствата во македонскиот јазик во споредба со рускиот, српскохрватскиот и бугарскиот јазик, зб.: Научна дискусија…, 18, 1992, 24-32; Взаимодействие модалÏности и негативности при формировании частного значения глаголÏной формÎ в македонском литературном язÎке, зб.: АктуалÏнÎе проблемÎ славянской филологии, Москва, 1993, 48; За една употреба на идно време при ис-кажување на минати дејства во македонскиот во споредба со рускиот (идно историско), зб.: Научна дискусија…, 22, 1996, 99104; Функционирование форм будуÈего времени в значении настояÈего неактуалÏного в македонском, русском и сербохорватском язÎке, зб.: СопоставителÏнÎе и сравнителÏнÎе исследования русского и других язÎков. ДокладÎ Ⅳ международнÎй симпозиум МАПРŒЛ, Београд, 1997, 164, 170; Формите ќе+да+вербум финитум во македонскиот литературен јазик, „Македонски јазик”, 1994-1996, Скопје, 1998, 235-242; Конципирање на одразувањето на лексиката во македонско-рускиот речник, (коавтор со Р. Усикова и Р. Тасевска), зб.: Македонско-руски јазични, литературни и културни врски, Скопје, 1998, 53-60; Проблеми на паронимијата и приод кон нејзиното лексикографско решавање, зб.: Македонско-руски јазични, литературни и културни врски, Скопје, 1998, 247-250; Морфема по-как носителÏ значения компаративности в македонском язÎке, зб: Македонский язÎк, литература и кулÏтура в славянском и балканском контексте, Москва, 1999, 96102; Транскрипција на руските имиња во македонскиот јазик, „Литературен збор”, 1-2, Скопје, 2001, 49-52; За една употреба на идното време во македонскиот јазик: идно реферативно, зб.: Руско-македонски јазични, литературни и културни врски, Скопје, 2006, 17-21. ЛИТ.; Иван Доровски, Емилија Црвенковска, Лексикон на странски македонисти ⅩⅩ и ⅩⅪ век, Скопје, 2008, 18-19. Бл. Р. Стефан Верковиќ