ВЕЛЕСТИНЛИС, Ригас

ВЕЛЕСТИНЛИС, Ригас (Велестино, 1757 – Белград, 1798) – грцизиран Влав. Бил секретар на Александрос Ипсилантис, кнезот на Влашка. Ги прифатил идеите на Француската револуција и во своите дела пишувал за рамноправност на балканските народи но, притоа, сепак, предност им давал на Грците. Подготвил карта на Грција која, всушност, била карта на Балканскиот Полуосторов. Ригас се смета за основополжник на модерниот грчки национализам.ЛИТ.: Ричард Клог, Историја Грчке новог доба, Београд, 2000. Д. Јов.