ВАСКОВ, Петар Николов (Велес, 18. Ⅴ 1875 – с. Л’џаќој, Дедеагачко, 10. XI 1907) – професор по математика и физика и војвода на ТМОРО. Основно училиште завршил во родниот град, а потоа учел во Солунската егзархиска гимназија, каде што бил член на таен револуционерен кружок. Дипломирал физика и математика на Вишото училиште (ден. Софискиот универзитет, 1896), по што бил средношколски професор во Лом, Видин и Силистра, а потоа во Одринската бугарска машка гимназија. Бил член на Одринскиот окружен револуционерен комитет на ТМОРО. Како пројавен социјалист, бил отпуштен од гимназијата и заминал за професор во Сливен, а потоа во школата за резервни офицери во Софија (1902).Бил војвода на чета на ТМОРО во Илинденското востание, а потоа пак професор во Одринската гимназија и претседател на Одринскиот окружен комитет на ТМОРО/ВМОРО (1904-1907). По предавство од врховистите, загинал во борба со османлиската војска, заедно со Лазар Маџаров и други соборци. С. Мл. ВАСОВСКИ-КАМШИК, Панче