ВАРДАРИЈА

ВАРДАРИЈА – византиска тема во XI, Ⅻ и ⅩⅠⅠⅠ в. Ги зафаќала териториите во долниот тек на реката Вардар. Се споменува како посебна военоадминистративна единица на чело со управник. Со Договорот склучен меѓу крстоносците и Венецијанците за поделба на Византија (Ⅲ 1204) било предвидено провинцијата (темата) помеѓу себе да ја поделат крстоносците. ЛИТ.: Б. Панов, Теофилакт Охридски како извор за средновековната историја на македонскиот народ, Скопје 1971; К. Аџиевски, Поделбата на Македонија според Партитио Романиае, „Гласник на ИНИ“, ЏЏВИ, 2–3, Скопје, 1982. К. Аџ.