ВАНОВСКИ, Бојан Јованов (Велес, 25. Ⅰ 1927) – спец. интернистгастроентерохепатолог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Дипломирал (1952) и специјализирал интерна медицина на Мед. ф. во Загреб. Од 1962 г. работи на Интерната клиника на Мед. ф. во Скопје. Од 1964 г. ја воведува дигестивната ендоскопија и е еден од нејзините основоположници. Објавил 249 стручни трудови. БИБ.: Рефлуксен езофагит, Скопје, 1966; коавтор: Прирачник по ендоскопија и биопсија во гастроентерологијата, Скопје, 1971; Гастроентерологија, Загреб, 1987. Сл. М. П.