ВАНГЕЛИ, Жанета

ВАНГЕЛИ, Жанета (Битола, 2. IX 1963) – сликарка, истакната авторка на инсталации, видео и филмски проекти. Дипломирала на Државната академија за уметност во Франкфурт на Мајна (1988). Ја претставила Република Македонија на Венециското биенале (2003). Работи дела во духот на неоконцептуалата, обработувајќи содржини со сложен антрополошки карактер: Порта (1994), циклус Непрестајна желба за вечност (1998), Судијата (2002). С. Аб.-Д. Атанас Вангелов