БУНАТА ВО ЃАВАТО

БУНАТА ВО ЃАВАТО -. (1639) – буна против османлиската власт. Непосреден повод за нејзиното избувнување било апсењето на ајдутинот Белче. Селаните се противставиле. Ја предводеле Митре, Никола, Илија и Голе. Започнала борба во која Турците имале пушки и сабји, а селаните вили и стапови. Неколку селани загинале, Белче бил убиен, по што му ја отсекле главата и му ја однеле на кадијата како доказ дека бил ликвидиран. ЛИТ.: Александар Матковски, Турски извори за ајдутството и арамиството во Македонија (1620–1650), Скопје, 1961, 40–45. В. Ст. Марко Бундалевски