БУЕ, Ами

БУЕ, Ами (Боуé, Ами) (Хамбург, Германија, 16. Ⅲ 1794 – Вослау, Австрија, 21. XI 1881) – француски и европски геолог. Од Буе потекнуваат првите пишувани геолошки податоци за геолошката градба на територијата на Македонија. Во периодот 1828–1870, во рамките на геолошките проучувања на европскиот дел од Отоманската империАми Буе ја ги опфатил и терените на Македонија. Во 1836 г. го посетил Злетовскиот руден реон, ја опишал експлоатацијата и металуршката преработка на олово-цинковите руди. По повеќегодишни испитувања, во 1840 г. го објавил трудот „Геологија на Македонија” (Геологиљуе де ла Мацедоин, Булл. Соц. геол. Франце, 11, Парис). Н. Дум. Димитрие Бужаровски