БУГАРСКО-ГЕРМАНСКОАВСТРОУНГАРСКА ВОЕНА КОНВЕНЦИЈА (Плес, 24. Ⅷ / 6. IX 1915) – конвенција потпишана од началниците на генералштабовите Фон Фолкенхајм, Конрад и Ганчев. Со Конвенцијата врховните команди на армиите на трите сојузени држави се обврзале на заедничко воено дејствување против Србија, Бугарија со армија од четири пешадиски дивизии, под врховна команда на германскиот генерал-фелдмаршал Фон Мекезен. Германија се обврзала на Бугарија да $ даде воена и материјална помош. Бугарија од своја страна се обврзала: најдоцна за 35 дена по потишувањето на Конвенцијата договорените дивизии да ги распореди на српската граница подготвени за дејство; да задржи строга неутралност кон Грција и кон Романија до завршувањето на војната против Србија, ако останеле двете држави неутрални, како и да овозможи непречен транспорт на материјали и воени единици од Германија и од Австро-Унгарија за Турција. Германија се обврзала на Бугарија да $ даде воен материјал од секаков вид и воена помош од 2 милиона франци. ЛИТ.: Македонија во меѓународните договори (1913-1940), Скопје, 2006; Кесяков, Принос към дипломатическата история на България, София, 1925. М. Мин.