БУГАРСКО-ЈУГОСЛОВЕНСКИ ДОГОВОР ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ДВОСОПСТВЕНИЧКИТЕ ИМОТИ НА ГРАНИЦАТА

БУГАРСКО-ЈУГОСЛОВЕНСКИ ДОГОВОР ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ДВОСОПСТВЕНИЧКИТЕ ИМОТИ НА ГРАНИЦАТА (Софија, 25. Ⅷ 1947). Со не-Бугарскиот цар Борис Ⅲ во друштво со Хитлер го државите-потписнички го регулирале користењето на двосопственичките имоти од двете страни на бугарско-југословенската граница. Договорните страни се обврзале нивните надлежни органи да подготват списоци за двосопственичките имоти одделно за секое населено место во пограничната зона и да ги достават на односните органи на другата страна. Со Договорот се прецизирал поимот двосопственички имот, правата и погодностите на сопствениците, режимот на преминување на границата. Договорните страни си го задржувале правото да им забранат на имателите на двосопственички имоти преминување на границата под условите наведени во Договорот. Инцидентите на двосопственичките имоти добиле третман на погранични инциденти. Договорот стапил во сила на денот на неговото потврдување (21. XI 1947). Бугарија еднострано го откажала (30. Ⅵ 1950). ЛИТ.: Сл. лист на НРМ, 108/ 20 декември 1947. М. Мин.