БУГАРСКИ МАСАКРИ

БУГАРСКИ МАСАКРИ (1915) – воени и паравоени злодела. Специјална единица на бугарската окупаторска армија во Македонија составена од бугарски војници и четници на ВМОРО на Тодор Александров и на Александар Протогеров, под команда на полковникот Тодор Панов ( 1/14. XI 1915), масакрирала недолжно македонско население. Масовни колежи биле извршени во Велешко, во селата: Теово, Ореовдол, Богомила, а во Прилепско во селата: Гостиражни, Стровја, Слепче, Костинци, Долгаец и Маргари. Преживеале само мажите што биле регрутирани во српската војска и тие што успеале да побегнат пред затворањето на обрачот. Најмасовен колеж бил извршен во с. Долгаец. Мажи, жени, деца, вклучувајќи ги и бремените жени и изнемоштените старци, биле масакрирани. Жени и девојки биле силувани. Обезглавен бил и селскиот свештеник, иако се декларирал како Бугарин и гарантирал лојалност. Во селото биле заклани 167, во Костинечката општина 336. Тоа се смета најголем геноцид извршен во Првата светска војна на Балканот. ЛИТ.: Стенографске белешке народне Скупштине Краљевине Србија, 1918 (ИНИ-Сл. Ⅲ 250/1918-1); Доцументс релатифс ауџ виолатионс дес цонвентионс де ла Хаѕе ет ду Дроит интернатионал ен генерал цоммисес дес 1915-1918 пар лес Булгарес ен Себие оццупéе, И, Парис, 1919; Стеван Тинтоски, Политичките убиства во Прилеп и Прилепско меѓу двете светски војни, Прилеп и Прилепско меѓу двете светски војни, И. Прилеп. 1991. 462. М. Мин.