БРОЗОВИЌ, Далибор

БРОЗОВИЌ, Далибор (Брозовиќ, Далибор) (Сараево, 28. Ⅷ 1927 – Далибор Брозовиќ Загреб, 19. Ⅵ 2009) – хрватски лингвист, славист, кроатист, член на ХАЗУ, од 1986 член и на МАНУ надвор од работниот состав. Неговата библиографија брои над илјада позиции, меѓу кои и книги. Во центарот на неговиот интерес е фонолошката проблематика на словенските јазици на стандардно и на дијалектно ниво и социолингвистичката карактеристика и статусот на словенските стандардни јазици. Во неговите трудови видно место зазема македонската проблематика. Во статијата Дас Грундгесетз дер македонисцхен Просодие („Њиенер славистисцхес Јахрбуцх”, 21, 1975) прв пат ја формулира денеска општоприфатената теза дека во македонската прозодија треба да се бројат мори, а не само слогови. Автор е и на статијата Македонски језик во Хрватската енциклопедија. ЛИТ.: Радови, Раздио филолошких знаности (26), Задар 1987; Далибор Брозовиќ, Славистички комитет Хрватскога филолошког друштва, Загреб- Задар 2002. БИБ.: Рјечник језика или језик рјечника (Загреб, 1969), Стандардни језик (Загреб 1970), Фонологија хрватскога кнјижевног језика (Загреб, 1991). З. Т. БРОКЕРСКИТЕ ДРУШТВА ВО Република Македонија