БРЕСТ

БРЕСТ . (род Улмус Л., фам. Улмацеае) – род со околу 20 вида, застапени во умерениот појас на Северната хемисфера. Високи дрвја со јајцевидни и асиметрични листови со назабен раб, со косо пресечена основа и со кратка дршка. Цветаат рано пред пролистувањето, а плодовите се сплескани, крилести оревчиња, кои зреат многу рано (април). Имаат квалитетно дрво, но масовно страдаат и се сушат од нападот на габата Грапхиум улми (холандска болест). Кај нас се среќаваат: а) полски брест (У. минор Милл.) – распространет низ средна, јужна и источна Европа, на исток до средна Азија. Во Република Македонија има општа распространетост, а се појавува со два подвида: У. м. ссп. минор Јанјиц од низините и крајречните шуми, со мазни листови и леторасти, и У. м. ссп. тортуоса Јанјиц, брдски, со влакнести листови и леторасти; б) планински брест (У. монтана Њитх.) – ареалот му се протега низ цела Европа и западна Азија. Во Република Македонија има општа распространетост во планинскиот регион; в) вез (У. еффуса Њилд.) – ареалот му е во средна, источна и во југоисточна Европа, па с” до Кавказ. Во Република Македонија е редок, на алувијални терени. Цветовите и плодовите му се на нежни дршки, а крилцата со ресички. Ал. Анд.