БРЕГАЛНИЧКА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА на МПЦ

БРЕГАЛНИЧКА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА на МПЦ (1959) – формирана како наследничка на Злетовско-струмичката и е една од трите најстари епархии во Македонската православна црква. Под името Злетовско-струмичка постоела и во периодот на возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква. Тогаш, покрај сегашните, епархијата ги опфаќала и општините: Струмица, Велес, Кавадарци, Неготино, Валандово, Дојран и Гевгелија, кои подоцна се приклучени кон епархиите: Повардарска и Струмичка. Од 1980 г. се викала Штип-ска епархија, а девет години потоа (1989) Брегалничка епархија. Прв домороден архиереј бил митрополитот Злетовско-струмички На-ум (1959–1977). Од 1977 до 1979 г. администрирал митрополитот Ангелариј, а потоа епископот Горазд (1979–1986). Во 1986 г. администрирал митрополитот Стефан, кој во 1989 бил нејзин архиереј – Митрополит брегалнички и ја раководел до изборот за Поглавар (10. Ⅹ 1999) и потоа до крајот на февруари 2000 г. Од 1. Ⅲ до 10. XI 2000 г. администрирал епископот Дремвитски Јован (кој подоцна се одметна од Македонската православна црква). Од 10. XI 2000 г. епархиски архиереј е митрополитот Агатангел, а од 1. Ⅹ 2006 г. митрополитот Иларион. Епархијата има околу 150 цркви и 30 манастири, 250.000 жители, 100 свештенослужители и над 20 монаси и монахињи. ЛИТ.: Ратомир Грозданоски, Стефан Архиепископ Охридски и Македонски, Скопје, 2000; Јован Белчовски, Автокефалноста на Македонската православна црква, Скопје, 1990. Рат. Гр.