БРАНКОВИЌ, Вук

БРАНКОВИЌ, Вук (? – 6. Ⅹ 1398) – благородник, потиснат од Волкашина, се повлекол од Охрид на баштинските поседи во Косово (по 1365). Помаган од тестот, кнезот Лазар ги освоил Скопје и северниот дел на областа (најдоцна во 1376/1377) и ги владеел до османлиското освојување (1391/1392). Учествувал во битката на Косово (1389). Во народното творештво е претставен како предавник што е историски неточно. По битката станал османски вазал, но поради соработката со Унгарците бил протеран (по 1396 г.). ЛИТ.: М. Стевановић, Вук Бранковић, Београд, 2004. Б. Петр.