БРАЈОВИЌ-ЃУРО, Петар

БРАЈОВИЌ-ЃУРО, Петар (с. Риека Црноевиќ, Цетиње, Црна Гора, 29. Ⅵ 1915 – Белград, 19. XI 1991) – првоборец и воен командант, генерал-полковник, народен херој. Гимназија завршил во 1937, а Воена академија во 1940 г. Член на КПЈ од 1941, а илегалец од 1942 г. Во текот на НОБ (од 1943 до првата половина на 1945) бил заменик командант на Карадачкиот НОПО, командант на Групата косовско-метохиски баталјони, на Првата македонско-косовска бригада, на Првата косовско-метохиска бригада, на 48-та (македонска) дивизија, на ⅩⅤⅠ (македонски) корпус и на Оперативниот штаб на НОВ и ПО на Косово и Метохија. Во 1945 г. бил тешко ранет. По војната извршувал високи воени должности во ЈНА. ЛИТ.: Војна енциклопедија, 2, Београд, 1971; Лексикон Народноослободилачког рата и револуције у Југославији 1941– 1945, 1, Београд, 1980. Ѓ. Малк.