БРАЈКОВСКИ, Филип

БРАЈКОВСКИ, Филип (С. Беличица, Гостиварско, 15. Ⅷ 1924) – првоборец и политичар. Како припадник на работничкото и комунистичкото движење, бил член на СКОЈ (1941), на КПЈ (1942), на Реонскиот и Околискиот комитет за Мавровско-галичкиот реон, повлечен во заднина (1943), а потоа на партиска работа во Дебар ( Ⅳ 1944 –Ⅶ 1945). По Ослободувањето бил претседател на Републичкиот одбор на СЗБНОВМ. Носител е на Партизанска споменица 1941. ЛИТ.: ДАРМ Скопје, ракописна биографија, ф. „Биографии“. Вл. Ив. Петар Брајовиќ-Ѓуро