БОСАНСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ

БОСАНСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ. Ги воспоставуваат богомилите во средниот век, продолжуваат со вклучување на територијата на Босна во Самуиловото Царство и се одржуваат како интензивни трговски и културни (преку работата на македонскиот градител Андреја Дамјанов од Велес во изградба и фрескоживописување на цркви и други објекти). Македонски доброволци учествуваат во Босанско-херцеговското востание против османлиската власт (1875), под чие влијание е и Разловечкото востание (1876). На почетокот на Војната во БиХ (април 1993), 65.000 бегалци наоѓаат прибежиште во РМ. РБиХ ја признава Република Македонија на 20. Ⅳ 1992 г., а Република Македонија ја признава РБиХ на 12. Ⅴ 1993 г. Официјални дипломатски односи се воспоставуваат на 12. Ⅴ 1993 г. Прв вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во РБиХ е Михајло Трпковски, а прв вонреден и ополномоштен амбасадор на РБиХ во Република Македонија е Миле Акмаџиќ. ЛИТ.: Љубен Лапе, Врски на Босна и Херцеговина со Македонија од почетокот на ⅩⅠⅩ век до 1878 година, Македонија во ⅩⅤⅠⅠⅠ, ⅩⅠⅩ и ⅩⅩ век, Скопје, 1992; Ахил Тунте, Република Македонија -прва декада (1990-1999), Скопје, 2005. Т. Петр.