БОРОЕВИЌ, Владимир (Скопје, 4. Ⅻ 1947) – дизајнер, карикатурист, сликар. Дипломирал на Вишата педагошка академија во Скопје (1972). Бил графички уредник во „Остен”, сценограф во Вардар филм во Скопје, раководител на Студиото за дизајн и пропаганда во Јака 80, Радовиш. Самостојно излагал (слики) во Скопје, Валево, Нови Сад, Битола. Учествувал на меѓународни фестивали за карикатура на кои добил повеќе значајни награди (Гран при во Скопје, 1973; Истанбул, 1977 и 1990). Во карикатурата ги задржува правилата на комиката, а во изразот искуствата на магичниот реализам и надреализмот. ЛИТ.: Лазо Плавевски, Боројевиќ, Реплаѕ (каталог), Музеј на град Скопје, Скопје, 1998. М. Б.-П. Владимир Борозанов