БОРИМЕЧКОВ, Александар (с. Градиште, Кумановско, 1883 – Софија, 28. Ⅳ 1925) – учесник во Илинденското востание (1903). По Балканските војни (1912–1913) се преселил во Софија. Бил член на БКП(т.с.) (1919). По атентатот во Катедралната црква „Св. Недела“ (15. Ⅳ 1925) во Софија, во акција на полицијата бил откриен и, не сакајќи да падне жив во нивните раце, се самоубил. ЛИТ.: Тодор Павлов, Тъй загина Боримечката; Христо Калайджиев, Един символ на героизъм. Ал. Боримечков, По случай 21 години от героичната му смърт, София, 19Ⅴ1946; Герои на антифашистката борба, И, (1923–1944), Биографски указател, София, 1966. В. Јот. Кнез Борис И, фреска во црквата „Св. Наум”, Охрид