БОРЕАЛНИ РЕЛИКТИ ВО ФЛОРАТА НА Република Македонија

БОРЕАЛНИ РЕЛИКТИ ВО ФЛОРАТА НА Република Македонија – еволутивно стари растителни видови што се развиваат во иглолисните шуми на територијата на РМ, а се населиле во глацијалниот и во интерглацијалниот период. По терциерот биле распространети во бореалната зона, во најсеверните делови на Холарктикот (Евроазија и Северна Америка), а во текот на глацијалниот период мигрирале на Балканскиот Полуостров. Позначајни бореални реликти регистрирани во флората на Република Македонија се: Пицеа абиес, Листера цордата, Цораллорхиза трифида, Вацциниум витис-идаеа, Полѕгонум бисторта и др. Вл. М.