БОРБИТЕ ВО СТРУМИЧКИОТ РЕВОЛУЦИОНЕРЕН ОКРУГ

БОРБИТЕ ВО СТРУМИЧКИОТ РЕВОЛУЦИОНЕРЕН ОКРУГ (1903). Оружени судири меѓу четите на ТМОРО и османлиските војски и потери имало кај с. Владимирово (12/25. Ⅷ 1903) и кај с. Смилјанци, Радовишко, во истото време. Во април Христо Чернопеев со неколку чети имал повеќе судири со османлиските сили. Во мај била ликвидирана радовишката чета на Коста Мазнејков. Во мај–јули зачестиле борбите на четите. Во август четата на Чернопеев била разбиена во Кочанско. Во Струмичкиот округ оружените акциии на четите биле во функција на логистичка поддршка на востанието во Вториот револуционерен округ. ЛИТ.: Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или смрт. Македонското револуционерно националноослободително движење во Солунскиот вилает (1893–1903), Скопје, 2003. В. Ѓ.