БОНСАИ – во буквална смисла сад–дрво, односно дрво во саксија. Најкратко дефинирано, бонсаито претставува хармонична целина на коренот, стеблото и гранките од растението во композиција со саксија или на камен. Овој тип култура (вештина) потекнува од Кина уште од Ⅶ век, а веќе во XI век се практикува во Кореја и во Јапонија. На европскиот континент примероци од бонсаи првпат се претставени во Лондон (1902), нешто подоцна во Париз, а по Втората светска војна феноменот бонсаи добива огромна популарност и во САД. Постојат пет основни стила бонсаи (исправен и формален, исправен и неформален, накосен, полукаскаден и каскаден) со 32 потстила. За одржување на формата на бонсаите се применува посебна техника со која се контролира развојот на коренот, стеблото и гранките. Иницијатор за пренесување на оваа техника во Македонија е Б. Сотировски, кој досега со своите соработници има одржано три јавни изложби (1992, 1995 и 2000). Бонсаите од македонските автори се најчесто од автохтони видови, а најзастапена е зелениката (Буџус семпервиренс Л., фам. „Вардар Валлеѕ” Сот.). Бл. С.