БОМБОЛ, Михаил

БОМБОЛ, Михаил (Битола, 1928 -Битола, 2005) – редовен професор на Техничкиот факултет во Битола. Дипломирал на Техничкиот факултет на Универзитетот во Загреб. Работел во Ел. претпријатие –„Битола” за пренос и производство на електрична енергија во југозападниот дел на РМ. Бил технички директор на фабриката во изградба „Микрон” во Прилеп. Член на матичната комисија за основање на Вишата техничка школа (ВТш) во Битола. Бил професор по предметите Пренос на електрична енергија, Развојни постројки и Електрични централи и директор на ВТш. Бил редовен професор, продекан и декан на Техничкиот факултет по неговото формирање. Автор е на учебник по Пренос на електрична енергија. Гл. К.