БОЗДОВ, Стерјо И. (Крушево, 7. И 1902 – Крушево, 13. Ⅳ 1987) – лекар, револуционер, редовен проф., шеф на Катедрата по хигиена и прв декан на новоформираниот Мед. ф. во Скопје (1947– 1950). Студирал медицина во Виена и во Белград, каде што и дипломирал (1933). Во периодот меѓу двете светски војни поради прогресивните политички и социјални идеи и активното учество во револуционерните движења бил прогонуван, затворан и осуден на робија. Бил член на АСНОМ и повереник за здравство на Македонија (1944). Од 1950 до 1952 г. е проректор на Универзитетот во Скопје и претседател на МЛД (1951–1952). Од 1952 до пензионирањето работел како лекар во Куманово. Бр. Н. Црвен бозел БОЗЕЛ (БОЗ, БОЗОВИНА)